Младост Богданци без конкуренција – лесно го освои и Свети Николе

Лидерот во Првата лига, Младост Богданци, продолжува со сигурните чекори кон суперлигашката конкуренција.

Во последниот натпревар од 18. коло во Првата лига, избраниците на Горан Андоновски славеа убедлива победа на гостувањето кај Овче Поле со 36-21 и останаа единствениот тим без загубен бод сезонава.

Домашниот состав во Свети Николе го имаше расположениот Александар Димитров, кој постигна 11 погодоци, но неговата одлична партија не беше доволна за да се избегне убедливиот пораз.

Гостите од Богданци полека ја градеа предноста и без поголеми проблеми стигнаа до 16 победа на 16 меча во сезоната.

Во победничкиот табор најефикасни беа Лазар Адамовиќ и Даниел Андоновски со по седум погодоци. Во следното коло, Младост Богданци ќе го пречека Кичево, додека Овче Поле ќе гостува кај Јехона.