Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се преселија во Пехчево, каде што ќе го одработуваат вториот дел од подготовките за новата сезона.
Избраниците на Александар Зарков и неговите соработници активно работат пред камбекот во елитната конкуренција.
Со двојна тренинг сесија и акцект на физичката подготвеност и тактичко-техничката спрема, ракометарите на најмладиот суперлигаш до крајот на неделата ќе останат во Пехчево, а потоа ќе се вратат во Битола.
Во втората фаза на подготовки предвидени се контролни натпревари и брусење на формата. Битолчаните ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп од 21 до 24 август, а Супер лигата ќе почне на 6/7 септември.