Барселона славеше против Веспрем со 43-42 во второто полуфинале, кое беше драматично и мораше да биде решено по продолженија.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 35-35, па двете екипи мораше да играат уште два пати по пет минути.
На триесетина секунди до крајот беше нерешено, 42-42, а херојот на Веспрем е Јухас, кој даде гол кога остануваа да се играат уште пет секунди.
Големото финале меѓу Веспрем и ГОГ Гудме ќе се игра утре од 11:30 во „Ланксес Арена“, додека мечот за третото место меѓу Еурофарм Пелистер и Барса ќе почне од 09:00 часот во „Дормаген Арена“.