Тимот на Ѓорче Петров 2 славеше во интересната пресметка на гостувањето кај Деспина со 28-25, во меч од третото коло во Првата женска лига.
Прилепчанки пружија голем отпор, особено во првиот дел кога најчесто се играше израмнето, но пред паузата гостинките отидоа на плус пет, 15-10.
Деспина се бореше и второто полувреме, но ниту еднаш не успеа да се закани и да намали на повеќе од минус два.
Кристина Наумовска даде 11 погодоци за победничкиот тим, а исто толку за Деспина постигна искусната Мери Гичева.
Во следното коло Ѓорче Петров 2 ќе ја пречека Стружанка, а Деспина ќе оди на гости кај Овче Поле СУ.