Селекторот на машката кадетска репрезентација на БиХ, Ален Хаџиќ, го објави поширокиот список пред настапот на ЕХФ шампионатот за кадети во Словачка.
Меѓу потенцијалните патници се наоѓа и членот на Еурофарм Пелистер 2, Алем Хаџиќ, кој во штотуку изминатата сезона остави солиден впечаток во вториот тим од Битола.
Босанската репрезентација на ЕХФ шампионатот ќе настапи во групата А, а за ривали ги има репрезентациите на Естонија, Турција и Литванија.
Во Б групата се наоѓаат репрезентациите на Летонија, Словачка, Финска и Холандија.
ЕХФ шампионатот за кадети во Словачка ќе стартува на 12 август, а финалниот ден е закажан за 15 август.