Младинскиот репрезентативец Панов верен на Младост Богданци

Чуварот на мрежата Благој Панов и во наредната сезона ќе ги брани боите на прволигашот Младост Богданци.

Раководството на тимот од Богданци и младинскиот репрезентативен голман се договорија за нова соработка.

Панов дојде од Тиквеш во Младост и остави одличен впечаток на голманската позиција заедно со искусниот Паунков.

Освен десниот бек Никола Роглев, кој ја заврши кариерата, богданчани ќе сметаат на истиот состав од минатата сезона, а наскоро ќе ги промовираат и новите ракометари.