Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Димевски, е најновото засилување за тимот на Куманово.
Димевски по две сезони минати во двата клуба од Автокоманда, се враќа во родниот град и ќе го облече дресот на Куманово.
Претходно беше дел од составот на Работнички и беше најдобар стрелец во прволигашката конкуренција.
Може да одигра одлично на сите бековски позиции и сигурно ќе биде од голема корист за стратегот Љубиша Димковски.
Претходно Куманово го договори младиот пивот Цековски, а доаѓа и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжи искусниот Грузиец, Уча Гамзардија