Младинките ќе тестираат со Косово пред ЕП

Женската младинска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Европското првенство во Црна Гора.

Подготовките под водство на селекторот Симе Симовски продолжија во Скопје по враќањето од Хрватска, а ќе биде одигран уште еден пријателски натпревар пред патот за Подгорица.

Ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Косово, која се подготвува за настап на ЕХФ шампионатот.

Тој меч би требало да биде одигран на 7 јули, додека првата пресметка на континенталниот собир ќе се игра на 9 јули против Унгарија.

Во групата покрај Македонија и Унгарија, се уште и Чешка и Полска.