Младинките два пати поразени на тестовите со Хрватска

Женската младинска репрезентација на Македонија ги заврши мини подготовките во Хрватска и оттаму се враќа со два порази.

На првиот натпревар избраничките на Симе Симовски беа конкурентни во првиот дел, кој заврши во полза на противникот со 15-12, но следуваше пад во играта во второто полувреме за висок пораз, 34-26.

Најдобра на овој меч беше Ива Велкова со девет погодоци, а по три имаа Леона Миленкоска и Стефани Ристиќ.

На вториот меч, Хрватките славеа со 41-20, на на овој дуел не играа Трпеска, Котевска и Велкова, а шанса добија оние со помала минутажа.

Овие два меча се дел од подготовките за настапот на ЕП од 9 до 19 јули во Црна Гора, каде Македонија е во група со Унгарија, Чешка и Полска.