Последното коло во женска младинска конкуренција ќе го даде одговорот, кој ќе биде шампионот на Македонија. Две екипи се во игра, Вардар и Ѓорче Петров. Директниот дуел меѓу двата тима е закажан за викендов а домаќин е Ѓорче Петров.
Вардар со една рака го држи трофејот, а Ѓорче Петров се надева на големо изненандување, иако теоретски и тие имаат шанса да бидат прваци. Двата тима имаат ист број бодови, и еден меч за играње.
Вардарки се во голема предност зашто на нивниот прв меѓусебен дуел во декември, „црвено-црните“ победија со 36-24. Тие 12 гола изгледаат како голема предност пред реваншот.
За овој дуел вардарки нема да ја имаат Сара Стефаноска која замина во странство, но тимот им е составен од ракометарки кои играат и за сениорскиот тим.