По комплетирањето на 5 коло, се спушти завесата на есенскиот дел од тековната сезона во младинската женска лига.
Екипата на Ѓорче Петров 2 ја заврши есента со максимален биланс од четири победи на четири натпревари.
На последниот натпревар, младите „лавици“ славеа против Гевгелија Југ со убедливи 32-16, а Марија Димоска беше најдобар стрелец со девет гола.
На втората средба, Пелистер славеше на гостувањето кај Куманово со 30-26, а лидерот на битолчанки беше Анастасија Тодоровска со 12 гола. Во домашниот тим се истакна Ангела Шехтанска со десет погодоци
Младинки, 5 коло, резултати:
Ѓорче Петров 2 – Гевгелија Југ 32-16
Куманово – Пелистер 26-30
Табела: 1.Ѓорче Петров 2 8 боа, 2.Атлетик 6 бода, 3.Пелистер 4 бода, 4. Куманово 2 бода, 5.Гевгелија Југ без бодови.























