Есенскиот дел во женската младинска лига заврши минатиот викенд, но останува да се одиграат уште две заостанати средби, дербито Вардар – Ѓорче Петров, како и мечот Куманово – Вардар.
Илинден Вардар забележа победа против Куманово со минимални 23-22. Најефикасна кај Илинден Вардар беше Анастасија Величковска со девет гола, додека кај Куманово најефикасни беа Матеја Јовановска и Никита Антевска со по шест гола.
Спартак беше убедлив против составот на Шампион со 57-10. Најефикасни во редовите на Спартак беа Мила Мемов со 17 погодоци и Михаела Ангеловска со 14 погодоци, додека кај Шампион најефикасна беше Тијана Мурџеска со четири погодоци.
На табелата Ѓорче Петров е прв со 5 од 5 и 15 бода, Спартак кој ги одигра сите дуели е втор со 12 бода, додека Вардар е трет со 4 од 4 и 12 бода. Вардарки доколку ги добијат дуелите со Ѓорче Петров и Куманово, ќе избијат на првото место.
Младинки, 7. коло, резултати:
Шампион – Спартак 10-57
Илинден Вардар – Куманово 23-22
Вардар – Ѓорче Петров одл.
Скопје слоб.