МЛАДИНКИ: Ѓорче Петров 2 и натаму без пораз, Атлетик убедлив во Гевгелија

Со двата меча беше комплетирано 4 коло во младинската женска лига, а тимот на Ѓорче Петров 2 продолжува без пораз.

Младите ѓорчепетровки триумфираа на гости кај Пелистер, а предводнички беа Марија Димоска со осум и Мирјана Наумоска со пет гола.

Атлетик исто така беше убедлив на гостувањето кај Гевгелија Југ, минутажата беше рамноправно распределена меѓу сите ракометарки.

Најдобри стрелци во скопскиот состав беа Андреа Конеска со седум и Исидора Котевска со пет гола, а погодуваа сите од ростерот освен голманките.

Ѓорче Петров 2 е прв со шест бода, додека Атлетик има исто толку но и меч повеќе на втората позиција.

Младинки, 4 коло, резултати:

Гевгелија Југ – Атлетик 15-38
Пелистер – Ѓорче Петров 2 20-23