Mладинците загубија на втората контрола со Словенија

По триумфот на првата средба со Словенија со 30-25, младинската репрезентација на Македонија загуби од истиот ривал на вториот натпревар.

Избраниците на Раде Стојановиќ беа поразени со 29-24, со подобрата игра во финишот на домаќините, кога Македонија играше во комбиниран состав.

На полувремето Словенците, кои се домаќини на младинското Европско првенство, водеа минимално со 13-12.

Македонија ќе биде во група со селекциите на Хрватска, Австрија и Црна Гора на ЕП што ќе се игра во Целје од 10 до 21 јули.