Машката младинска репрезентација на Македонија ја запиша втората победа над Грција во пријателски натпревари пред настапот на ЕП.
Избраниците на Раде Стојановиќ славеа со 27-18, уште поубедливо отколку на вчерашната пресметка.
Во Верија, македонските младинци победија со 28-24 на првата контрола, па со две победи ги продолжуваат подготовките за ЕП.
Македонија е во група со Хрватска, Австрија и Црна Гора на претстојниот континентален собир во Словенија, кој почнува на 10 јули.