Европската ракометна федерација го објави распоредот за претстојното континентално првенство за младинци во Словенија.
Македонија сите три средби на ЕП против селекциите на Хрватска, Црна Гора и Австрија ќе ги игра во „Златорог Арена“.
Но организаторот можеби по малку и некоректно, сите три средби на Македонија ги стави во пладневни термини.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ќе го отворат ЕП против Црна Грна на 10 јули од 12:00 часот, а во истиот термин утредента ќе играат против Хрватска.
Последниот натпревар од групната фаза, македонските младинци ќе го одиграат на 13 јули против селекцијата на Австрија со почеток во 14:20 часот.
Европското првенство за младинци ќе се игра во три сали во градот Целје од 10 до 21 јули.