Машката младинска репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг во салата во која ќе се играат натпреварите од Мундијалот.
Младинците под водство на Стојановиќ и Ангеловски тренираа вечерва пред првиот предизвик на СП.
Без Ристевски и Митев, ќе треба да се најде победничка формула против незгодните Фарски Острови кои ќе бидат предводени од Оли Митун, најдобриот стрелец од кадетското СП 2023 во Хрватска.
Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра со почеток во 14:00 часот, а потоа од 16:15 ќе играат Романија и Исланд.