Машката младинска репрезентација на Македонија пред настапот на Европското младинско првенство ќе одигра неколку пријателски средби.
Избраниците на Раде Стојановиќ го добија првиот од двата планирани тест-меча со нашиот јужен сосед и покажаа дека се наоѓаат во добра форма.
Нашите ракометари денеска во Верија славеа со четири гола ралзика, 28:24. На полувреме резултатот беше 15:12 во корист за „црвено-жолтите“.
Вториот контролен дуел меѓу младинците на Македонија и Грција ќе се одигра утре со почеток од 11:00 часот на истото место.
Македонија на Европското првенство во Словенија ќе игра во група со Хрватска, Австрија и Црна Гора.