Младинците од денеска во Келце – следува дуел со Бразил, па САД или Бахреин

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска прави трансфер од Катовице во Келце, каде ќе ги одигра последните два меча од Мундијалот во Полска.

Прв ривал во битката за разигрување за пласман од 25 до 28 место на СП ќе биде селекцијата на Бразил.

Овој натпревар ќе се игра утре во салата „Легионов“ во Келце со почеток во 16:15 часот, а во зависност од исходот ќе следува дуел за 25 или 27 место.

Доколку слават против Бразил, избраниците на Раде Стојановиќ ќе играат против победникот од дуелот меѓу САД или Бахреин, а во случај на пораз ќе играат со поразениот од тој двобој.

Toa ќе биде најслаб пласман во оваа категорија на Мундијалите по 15 место на СП 1997, 10 место на СП 2007, како и шесто место на СП 2017.