Младинците на Пролет и Бутел Скопје на градско дерби, Еурофарм Пелистер гостува во Автокоманда

Од недела до вторник ќе се одиграат петте натпревари од второто коло од машката младинска лига.

Интересно се очекува да биде на мечот меѓу шампионот и Еурофарм Пелистер што ќе се игра во Автокоманда.

Вториот битолски тим гостува во Кавадарци, додека Вардар ќе го пречека Вардар од Неготино.

Куманово ќе брка втор триумф против „сино-белите“ од Автокоманда, додека градското дерби меѓу Пролет и Бутел Скопје ќе се игра во вторник.

Младинци, 2 коло, распоред на натпревари:

28/09, 12:00, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер
28/09, 12:00, Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2
28/09, 18:30, Вардар – Вардар Неготино
29/09, 20:00, Куманово – Алкалоид
30/09, 19:30, Пролет – Бутел Скопје