Во рамките на подготовките за настапот на Европското првенство во Словенија, машката младинска репрезентација ќе одигра две пријателски средби против јужниот сосед.
Како што објави грчката ракометна федерација, двата меча меѓу Македонија и Грција ќе бидат одиграни зад затворени врати.
Тие ќе се играат во Верија, в четврток со почеток од 17:00 часот, додека вториот дуел е в петок од 11:00 часот.
Домашниот состав кој исто така ќе игра на континенталниот собир, на собирот во Верија има само ракометари од домашното првенство.
Македонија е во група со Хрватска, Австрија и Црна Гора на Европското првенство во Словенија што ќе се игра од 10 до 21 јули во Целје.