Младинците на Бутел слават бронза – ги „треснаа“ сино-белите од Автокоманда

Младинците на Бутел Скопје славеа триумф над „сино-белите“ од Автокоманда со убедливи 37-30 и го освоија третото место на завршниот турнир во младинското првенство.

Избраниците на Стефан Стојановски уште по првиот дел го најавија победникот на овој натпревар и водеа со 22-14.

На голот блескаше Дамјан Стојковски кој ги откажа „сино-белите“, кои играа грубо како на полуфиналниот меч со Еурофарм Пелистер, па бутелци завршија многу пати на теренот со удари по врат, лице, глава…

Во вториот дел тимот од Автокоманда намали на пет разлика, но немаше време за нешто повеќе и домаќините се израдуваа на триумф и бронза.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Каевски со десет и Јаневски со девет погодоци. Во финалето за злато ќе се борат Еурофарм Пелистер и „витамините“ од Автокоманда.