По поразите од Романија и Фарски Острови, машката младинска репрезентација на Македонија ги загуби шансите за пласман во главната рунда на СП и ќе разигрува за пласман од 17 до 32 место.
Дали во Президент Купот со Македонија ќе биде и Исланд, ќе зависи од последните два меча во групата.
Исланѓаните најпрво ќе чекаат победа на Романија над Фарски Острови и потоа ќе бараат триумф против Македонија со што поголема разлика за да се најдат во главна рунда.
Дуелот меѓу Македонија и Исланд е важен и за пренесување на бодови во следната фаза, а следните ривали ќе ни бидат Мароко и Мексико, двете најслаби од група Е.
Тие натпревари ќе бидат на програмата во понеделник и вторник, па следува ден одмор, пред в четврток и петок следната недела да се одиграат конечните средби за пласман.