Од утре до вторник ќе се одиграат пет натпревари од третото коло во машката младинска лига.
Шампионот ќе игра против „постариот брат“ во Автокоманда, додека Еурофарм Пелистер 2 кој досега има два од два, на домашен терен го чека Вардар.
Кумановци одат на гости кај Вардар Неготино, додека вниманието го привлекуваат и пресметките меѓу Бутел Скопје и Тиквеш, односно Еурофарм Пелистер и Пролет.
Младинци, 3 коло:
04/10, 10:00, Алкалоид – Мулти Есенс
04/10, 14:00, Вардар Неготино – Куманово
05/10, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар
05/10, 15:00, Бутел Скопје – Тиквеш
07/10, 17:30, Еурофарм Пелистер – Пролет