Со пет натпревари минатиот викенд беше комплетирано 10 коло во младинската машка лига, a нема промени на врвот – Еурофарм Пелистер 2 има 18 бодови на првото место, кое го дели со „витамините“ од Автокоманда.
Лидерот од Битола ја загуби драмата кај Пролет, кој славеше со 33-32, а ова беше прв сезонски пораз за пелистерци. Иако домаќините водеа со 31-27, битолчани израмнија на 31-31 во финишот, но во клучните моменти Пролет беше подобар.
Најпрво Крстески стрелаше за 32-31, а Јовиќ беше прецизен за плус два и победа на Пролет. Кадетските репрезентативци Ѓорчевски и Симовски дадоа десет, односно осум погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2, Дамчевски имаше шест гола.
На регионалното дерби меѓу Тиквеш и Вардар Неготино паднаа 79 голови. За кавадарчани, најмногу голови даде Зоран Наумов – 12, додека Лазар Кузев имаше 15 реализации за гостиите од Неготино.
Куманово предводени од Арсовски, Стојановски, Мицевски и кадетскиот репрезентативец Вујичевски, кои комбинираа 24 погодоци, триумфираа над Вардар со 29-24. За „црвено-црните“, Нечовски имаше пет реализации.
„Сино-белите“ од Автокоманда беа убедливи против Еурофарм Пелистер, а интересно беше на мечот меѓу шампионот и Бутел Скопје, кој го добија „витамините“ со посилен финиш.
Младинци, 10. коло, резултати:
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 33-32
Тиквеш – Вардар Неготино 46-33
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 43-29
Мулти Есенс – Бутел Скопје 32-29
Куманово – Вардар 29-24
Табела: 1. Еурофарм Пелистер 2 18, 2. Мулти Есенс 18, 3. Алкалоид 14, 4. Пролет 12, 5. Бутел Скопје 10, 6. Куманово 10…

























