МЛАДИНЦИ: Пролет го доби градското дерби со Бутел, Вардар доминантен против неготинци

Во највозбудливиот меч oд младинската лига, на градското дерби, Пролет на свој терен го совлада Бутел Скопје со 31-27, иако гостите парираа одлично во најголем дел од дуелот. Одлучувачки беа последните десет минути кога домаќините се одлепија на плус три и до крај ја контролираа играта. Најзаслужен за победата беше Горазд Дамчевски со девет гола, додека Трајче Костов и Ѓорѓи Лешниковски имаа по пет реализации. Кај Бутел најдобри беа Марко Каевски со седум и Давид Јаневски со шест гола.

Бранителите на титулата, „витамините“ од Автокоманда, стигнаа до втора победа оваа сезона откако на домашен терен славеа против Еурофарм Пелистер со убедливи 40-21. Најпрецизен беше Христијан Гурмешевиќ со осум погодоци, а веднаш зад него се најде кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски со шест гола. Кај битолчани најдобар стрелец беше Андреј Георгиев со шест гола.

По поразот во првото коло, Вардар ја запиша првата победа – на домашен терен го совлада Вардар Неготино со дури 38-18. Најефикасни за „црвено-црните“ беа Иван Костовски и Огнен Тасевски со по пет гола, додека Јован Јовановски со девет погодоци се истакна кај гостите.

Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи победничката серија со триумф во Кавадарци против Тиквеш, 32-24, а изненадување приредија „сино-белите“ од Автокоманда, кои дојдоа до прва сезонска победа на гостувањето кај Куманово со 30-24. Најзаслужен за триумфот беше Виктор Панчевски со седум гола, а кај Куманово се истакна Тино Стојановски со шест погодоци.

Младинци, 2 коло, резултати:

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 40-21
Вардар – Вардар Неготино 38-18
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 24-32
Куманово – Алкалоид 24-30
Пролет – Бутел Скопје 31-27