Со пет натпревари беше комплетирано 11 коло во машката младинска лига, а лидерот Еурофарм Пелистер 2 и натаму останува на врвот на табелата. Најмногу возбудувања имаше во Автокоманда и Бутел.
Куманово предводен од одличниот Тино Стојановски кој даде 14 гола, а со поддршка на Христијан Вујичевски и Владимир Мицевски кои комбинираа уште 14 гола, славеше на гостувањето кај „сино-белите“ во Автокоманда со 33-32. За домашните, Максим Гарбески даде сум гола.
Лидерот Еурофарм Пелистер 2 имаше лесна задача против Тиквеш, а на теренот доминираа младинските репрезентативци Алдин Фехми и Лука Ѓорѓиевски со по седум гола во домашниот тим, а исто толку даде Мики Лазов за кавадарчани. „Витамините“ од Автокоманда се вратија со триумф од Битола и се израмнија со лидерот на првото место на табелата.
Вардар без особени проблеми триумфираше кај Вардар Неготино, додека Пролет во натпревар со пресврти ги освои бодовите кај Бутел во градскиот двобој. Иако домашните водеа во финишот, сепак Пролет направи пресврт и на крајот се радуваше.
Кадетските репрезентативци Трајче Костов со 11 и Димитар Симовски со седум беа најефикасни во победничкиот тим, а Давид Јаневски стрелаше девет пати за домаќините.
Младинци, 11 коло, резултати:
Вардар Неготино – Вардар 15-32
Бутел – Пролет 32-33
Алкалоид – Куманово 32-33
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 34-23
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс 23-34
табела: 1. Еурофарм Пелистер 2 20, 2. Мулти Есенс 20, 3. Алкалоид 14, 4. Пролет 14, 5. Куманово 12, 6. Бутел 10…

























