Со пет одиграни натпревари беше комплетирано 8 коло во младинската машка лига, а лидерите на табелата запишаа нови триумфи.
„Витамините“ од Автокоманда триумфираа на гостински терен кај Вардар Неготино со 54-18, а лидерите на теренот беа Матеј Тевдовски со десет гола и Марко Ковачевиќ со девет. Во составот на неготинци се истакна Јован Јовановски со девет погодоци.
Бутел Скопје предводен од Марко Каевски со 12 гола славеше против Еурофарм Пелистер со убедливи 35-28.
Пролет не дозволи изненадување против Вардар и победи со 42-32, а предводник беше кадетскиот репрезентативец Лука Јовиќ со девет гола, додека кај вардарци Иван Ќурчиев стрелаше седум пати.
Еурофарм Пелистер 2 без мака го совлада „сино-белиот“ состав од Автокоманда, а на теренот доминираа Стефан Лазаревски и Алдин Фехми кои искомбинираа 17 погодоци.
Кумановци се помачија за триумф против незгодните кавадарчани, но на крајот победија со 38-35. Предводници кон новите два бода беа Тино Стојановски со 13 и кадетскиот репрезентативец Христијан Вујичевски со девет гола, додека по десет за Тиквеш постигнаа Зоран Наумов и Димитриј Ангелов.
Младинци, 8 коло, резултати:
Бутел – Еурофарм Пелистер 35-28
Вардар – Пролет 32-42
Вардар Неготино – Мулти Есенс 18-54
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 35-27
Куманово – Тиквеш 38-35
Табела: 1. Еурофарм Пелистер 2 16, 2. Мулти Есенс 16, 3. Бутел Скопје 10, 4. Алкалоид 10…

























