Младеновска: Долго време покажувавме што можеме, но Германките се поискусни и посилни

Женската репрезентација на Македонија загуби на отворањето на квалификациите за ЕП 2026 од Германија со 34-18 во првото коло.

Десниот бек Ива Младеновска ги сподели впечатоците од натпреварот со еден од домаќините на претстојното СП 2025, кој располага со искусен состав.

„Игравме навистина добро околу 40 минути, но потоа, како што видовте, ние сме млад тим — помлад и понеискусен од Германија. Долго време покажувавме што можеме, но тие имаа повеќе сила. Сега се надеваме дека ќе одиграме подобро против силната селекција на Словенија“, вели Младеновска.

Следен предизвик за Македонија ќе биде домашниот натпревар против Словенија што е закажан за 19 октомври во салата „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот.