Македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ дебитираше во францускиот тим Кретеј со победа.
Кретеј на домашен терен го совлада составот на Каен со 34-32, но мораше добро да се испоти за бодовите.
Левиот бек имаше значајна улога во одбраната и во нападот. Постигна три гола од пет обиди, подели четири асистенции и имаше четири блокади.
Младеновиќ и Кретеј во следното коло од француската Втора лига ќе му гостуваат на составот на Шербур.