Младеновиќ игра во одлична форма во Франција

Македонскиот интернационалец Михајло Младеновиќ игра во одлична форма во Втората лига на Франција.

Неговиот тим Кретеј загуби на гостувањето кај Бијер со 37-33, откако и на полувремето имаше негатива од шест гола, 20-14.

Младеновиќ беше втор стрелец во составот на Кретеј и успеа да постигне четири гола од пет обиди, а подели и три асистенции за 40 минути на теренот.

Кретеј има 12 бодови, ја заврши полусезоната на 10 место на табелата, на два бода од позициите кои водат во плеј-офот за елитната конкуренција.