Тимот на Кретеј каде што игра македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ, славеше со чудесен пресврт во финишот на мечот.
Кретеј губеше со 34-33, но во последните петнаесетина секунди постигна два гола и се израдува на бодовите.
Младеновиќ имаше значајна улога во одбраната и во нападот на победничкиот тим и успеа да постигне три гола од пет обиди.
Кретеј сега има два триумфи на три меча, а следен предизвик за Младеновиќ и неговиот тим ќе биде домашниот дуел со Сарбурж.