Според информациите на данската телевизија ТВ 2, голманот на Силкеборг, Микел Локвист, од следната сезона ќе го носи дресот на моќниот ПСЖ.
Големата надеж на Данска со одличните настапи на Светското младинско првенство 2023, на кое неговата репрезентација го освои петтото место, го привлече вниманието на големите клубови.
Сепак, раководството на ПСЖ било најбрзо, па така 22-годишниот голман по завршувањето на оваа сезона ќе се пресели во градот на светлината и ќе има можност своите квалитети да ги покаже во една од најдобрите лиги во светот.
Локвист редовите на Силкеборг ги засили во сезона 2021/22 од Фредериција, потпиша четиригодишен договор, ќе одигра уште една сезона за данскиот суперлигаш и во сезона 2025/2026 би требало да го направи трансферот од соништата.
Новата голманска надеж на Данска во периодот од 2019 до 2023 година 45 пати настапи за различни младински репрезентации на својата татковина. На светското младинско првенство 2023, кое се одржа во Германија, беше меѓу најзаслужните за освоеното петто место.