Предводниците на женската репрезентација на Фарски Острови, Клаус Могенсен и Симон Олсен го одредија составот за ЕП 2024.
Меѓу 18 ракометарки на списокот има дури интернационалки што настапуваат во данскиот шампионат, а осум се од домашното првенство.
Во составот на дебитантот ќе биде лидерот, бекот на данскиот Виборг, Јана Митун, која е постара сестра на Оли Митун, еден од најдобрите млади ракометари во Европа.
Фарски Острови ќе ги започне подготовките за ЕП на 18 ноември, а на 22 и 23 ноември ќе одигра пријателски средби со селекцијата на Шведска Б.
Дебитантот на континенталниот собир ќе игра во групата со еден од домаќините на ЕП, Швајцарија, како и со Данска и Хрватска.