Митровиќ: Ќе дадеме се на теренот – и едни за други и за екипата!

Вардар утре може да го потврди местото во осминафиналето на Лигата на Европа, а ривал е португалската Бенфика.

Десниот бек Урош Митровиќ вели дека ова ќе биде поразличен меч од оној во Бенфика, кога Вардар не го покажа вистинското лице.

„Ако не успеавме да се покажеме во Лисабон, сега ќе го дадеме максимумот од себе. Ќе дадеме се на теренот – за екипата, едни за други и за сите што ќе дојдат да не бодрат“, изјави Митровиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Бенфика се игра утре вечер од 20:45 часот.