Митровиќ: Голема е честа да заиграм за гигант како Вардар!

Српскиот репрезентативец Урош Митровиќ ќе биде засилување за Вардар за наредната сезона, а доаѓа од францускиот Тулуз.

Десниот бек, кој пред Тулуз, играше за австрискиот Брегенц и полската Висла Плоцк, како и во татковината, го изрази своето задоволство од трансфер во „црвено-црниот“ тим.

„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло“, изјави Митровиќ.

Претходно Вардар се засили со голманот Валах, левото крило Кеита, средниот бек Малус, десниот бек Марцинијак, како и пикерите Јанковски и Анастасовски.

Вардар се засили со леворак „бомбардер“ – доаѓа српски репрезентативец!