Македонскиот првак Еурофарм Пелистер в среда ќе го одигра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, а прв на домашен терен.
Ривал на момците на Бранко Ангеловски ќе биде германскиот вицепрвак Фуксе Берлин, а голманот Никола Митревски верува дека со поддршка од публиката може да се оствари она што не беше остварено на првиот меч со ПСЖ.
„Имааат гранитна одбрана, имаат ‘тешки играчи’ кои брзо се трансформираат во напад и полуконтра, а го имаат и најдобриот десен бек во светот, Гидсел. За нас ќе биде задоволство да се игра против нив, нема што да загубиме, може само да добиеме многу. Го очекуваме вицешампионот на Германија, една од најсилните екипи во Европа и за нас тоа е нова шанса за докажување. Ни претстои прв натпревар на домашен терен, очекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката и од „Чкембарите“. Со нивна помош ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на првиот натпревар и да го изненадиме противникот“, изјави Митревски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.