Митревски: Со полна сала и добра атмосфера до нова победа

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе ја пречека данска Фредериција во натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите.

За битолскиот тим ова е важен натпревар, бидејќи со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето од европската елита.

На првиот натпревар, кој беше одигран во Оденсе, македонскиот шампион со пресврт во вториот дел дојде до два важни бода, триумфираше со 25:23.

Голманот Никола Митревски, кој со 15 интервенции беше најзаслужен за победата на првото соочување со Фредериција, ги истакна своите очекувања.

„Тие најавуваат дека сакаат реванш. Таму одигравме добар натпревар, ја остваривме првата победа и освоивме два бода и сакаме да продолжиме во тој ритам. Верувам дека салата ќе биде исполнета и со поддршката од нашите навивачи ќе славиме конечно домашна победа. Тие нема што да загубат сега, за разлика од претходниот натпревар ќе играат опуштено и мислам дека со добра атмосфера и полна сала повторно ќе ги победиме”, изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Петар Атанасијевиќ: Фредериција не е екипа за потценување

Тајник: Цела Битола очекува победа, а ние ќе се потрудиме да ја оствариме

Алонсо: Натпреварот против Фредериција е со голем влог – ќе решаваат детали