Митревски нема да брани против Јапонија, селекторот повика нов голман!

Искусниот голман Никола Митревски нема да настапи на пријателските натпревари против Јапонија, иако се појави на собирот на репрезентацијата.

Чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер пријавил ситна повреда кај селекторот Кирил Лазаров, по што доби поштеда за дуелите што следуваат.

Наместо него, повикан е Марко Кизиќ од тимот што го води селекторот и екс голманот на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ја засили конкуренцијата меѓу стативите.

Покрај Кизиќ, на списокот на голмани за двомечот со Јапонија се и Мартин Томовски и Иван Галевски.

Македонија ќе одигра два контролни натпревари со Јапонија – првиот во Скопје од затворен тип, а вториот во Куманово кој ќе биде отворен за јавноста и ќе се одигра на 1 ноември од 16:00 часот.