Почетното водство од 10-2 за домашниот ГОГ во 11 минута од првото полувреме го најави и конечниот исход од средбата со Порто, 35-27. Португалскиот тим играше без нашиот Никола Митревски, кој не беше во ростерот. Неговите замени заедно одбранија 13 топки, кои беа премалку во днос на 22-те на домашниот Густав Тулин.
Данците барем до утре ќе бидат на четвртото место на табелата, пред Монпелје кој утре му гостува на Магдебург. Портоа пак останува на 6 место со 6 бода, исто колку и Висла.
Во првото полувреме највиоската разлика во корист на ГОГ беше „плус 9“. На полувреме разликата беше 20-12 за данскиот тим кој потоа само рутински го заврши натпреварот.
Второто полувреме намалија гостите на 17-21, но тоа беше се од нив. Потоа пак ГОГ засили со темпото и разлика од 7-8 гола беше задржана до крај на средбата.
Арон Менсинг со 8 гола и Венсдорф Мадсен со 7 беа најефикасни кај ГОГ. Во тимот на Порто најмногу голови, пест даде Игнацио Плаза.