Македонија одигра реми со Австрија, 29-29, иако беше пред пораз во драматичниот натпревар oд првото коло на главната рунда.
Голманот Никола Митревски, кој беше под температура, го даде максимумот на денешниот натпревар и се покажа во солидно светло.
,,Очекувам неизвесен натпревар со Катар, видовме како одиграа со Австрија, но сите кои се на ова СП имаат квалитет. Ние се движиме во добра насока, имаме добра форма и мислам дека на следното првенство ќе бидеме уште подобри”, изјави Митревски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Катар на 23 јануари од 15:30 часот.
Драма во Вараждин: Кузмановски и донесе реми на Македонија против Австрија