Португалскиот шампион Порто, каде брани Никола Митревски, ја продолжи победничката серија во домашното првенство.
По триумфот над Целје и пред мечот со Барса во Лигата на шампионите, Порто славеше лесен триумф над Виторија со 39-26.
Тренерот Карлос Резенде има подели по едно полувреме на двајцата голмани, па Митревски бранеше во првиот дел.
Капитенот на Македонија забележа седум одбрани од 17 упатени шута на ривалите кон неговиот гол.
Следен предизвик за Митревски и Порто е мечот со Барса во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство му гостува на Аванка.