Митревски и Тодоровски со нов шампионски предизвик

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот двоец Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе патуваат во Полска следната недела.

Митревски и Тодоровски ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу полскиот вицепрвак Келце и романскиот шампион Динамо Букурешт.

Натпреварот меѓу Келце и Динамо Букурешт ќе се игра на 26 ноември од 18:45 часот во салата „Легионов“ во Келце.