Mитревски и Тодоровски ќе судат шведско-португалски двобој во ЛЕ

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 коло во Лигата на Европа кај мажите.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски за првпат ќе судат оваа сезона во ЛЕ.

Тие патуваат во Шведска и ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Карлскрона и португалската Бенфика.

Овој дуел на кој делегат ќе биде Данецот Нилсен е закажан за 11 ноември во „Бринова Арена“ во Карлскрона од 20:45 часот.

Ацо Николовски ќе биде делегат на мечот меѓу хрватскиот Нексе Нашице и швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, што ќе се игра на 11 ноември од 20:45 часот.