Митревски и Тодоровски ќе му судат на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 6 коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот двоец Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе судат на еден од интересните дуели во групата на Еурофарм Пелистер.

Тие се делегирани на средбата меѓу Висла Плоцк и Барселона, додека делегат ќе биде Чехот Јири Конечни.

Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Барселона е закажан за 23 oктомври во „Орлен Арена“ со почеток во 20:45 часот.