Митревски и Тодоровски ќе им судат на скадинавски и унгарски гиганти во ЛШ!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани на мечот со кој ќе биде отворена новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување.

Битолчаните ќе го судат натпреварот меѓу данскиот шампион Алборг и унгарскиот првак Веспрем.

Овој натпревар е закажан за 10 септември со почеток од 18:45 часот, а ќе се одигра во „Шпаркасен Арена“ во Алборг.

Делегат е Јута Ерман од Германија.