Португалскиот првак Порто по поразот од Веспрем во Лигата на шампионите, им се врати на победите во домашниот шампионат.
Порто славеше на гостински терен кај Брага со 35-30 во натпревар од осмото коло и остана на второто место.
Митревски бранеше во второто полувреме на овој натпревар и успеа да одбрани шест удари на противниците.
Порто е втор на табелата со 23 бода, еден помалку од лидерот Спортинг Лисабон, кој има 24 на првото место.
Португалскиот првак следната недела му гостува на европскиот првак Магдебург во ЛШ, а во домашното првенство ќе игра против Виторија на 22 октомври.