Португалскиот првак Порто, каде што брани капитенот на Македонија, Никола Митревски, остана во трката за титулата.
Порто славеше на гостувањето во Лисабон кај Бенфика на Филип Талески со 34-29, иако на полувремето беше само реми, 14-14.
Сепак Порто предводен од Митревски, кој собра успеа 14 удари, успеа да ги освои бодовите и да остане во трка за Спортинг за првото место. Талески успеа да погоди три пати од шест обиди.
Митревски кој имаше 42% успешност, продолжува да брани во одлична форма и тоа треба да го радува селекторот Кире Лазаров пред баражот со Фарски Острови.
Порто сега има 41 бод на второто место на табелата во Португалија, додека прва е Бенфика со 43, а во преостанатите две кола тимот на Митревски ќе се сретне со Брага дома и со Спортинг Лисабон на гостински терен.