Митков се врати на терените, Холабрун го доби „македонскиот“ двобој во Австрија!

Тимот на Холабрун, кој од сезонава е дел од австриското елитно друштво и е предводен од Влатко Митков, забележа триумф во петтото коло.

Холабрун славеше со 30-26 против Ферлах, за кој настапува Хари Павлов (два гола), а од клупата го води Ристо Арнаудовски.

Ова е прва победа за Холабрун, по двата порази и двете реми средби, а Митков одново заигра по сериозната повреда на раката минатата сезона.

Тренерот-играч не планира крај на играчката кариера и беше втор стрелец во победата над Ферлах со пет погодоци.

42-годишниот штипјанец има 42 години и веќе 12 сезони игра во Австрија, а во Холабрун е од 2020 година.