Тимот на Холабрун, каде што тренер е некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков, го оствари најголемиот клупски успех.
Холабрун се пласираше на завршниот турнир во Купот на Австрија по сензационалната победа на гости кај фаворитот Фиверс Маргаретен во четвртфиналето со 41-37.
Во Холабрун играат двајца Македонци – Хари Павлов, кој е повреден и Филип Арсеновски кој даде два гола.
Покрај Павлов и Арсеновски, уште две познати имиња се дел од клубот – екс членовите на Охрид, Рудолф Сафранко (десет гола) и Гал Цирар (два гола).
Завршниот турнир се игра во Грац на 24 и 25 април, а противникот на Холабрун ќе биде познат дополнително.
























